Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 31/03/2026
Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во рамки на активностите за имплементирање на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува
Јавен оглас
за избор на 1 (еден) Интеррег Соработник во рамки на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027.
Начин на поднесување на апликација:
Вашата апликација согласно условите (TOR) треба да ја пратите во затворен плик во рок од 15 работни дена од денот на објавување, односно на 31.03.2026 год до 15:00 часот. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.
Кандитатите во својата апликација да достават:
- CV и мотивациско писмо на англиски јазик;
- доказ за стекнато образование (мин. 180 ЕКТС по правни студии, економски науки, јавна администрација или други релевантни социјални науки);
- релевантни документи со кои се докажува бараното работно искуство (мин. 3 години релевантно работно искуство со јавни институции и/или приванти компании, и мин. 1 година релевантно работно искуство со проекти финансисрани од ЕУ или други меѓународни донатори).
Документите треба да се достават во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:
Министерство за локална самоуправа
Ул. „Св. Кирил и Методиј'' бр. 54
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Со ознака:
„Апликација за јавен оглас - Интеррег Соработник во рамки на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027”.