о рамки на Светскиот урбан форум во Баку, на покана на генералниот секретар, Чемил Арслан, како и Бурчухан Шенер, директорка за меѓународни прашања, министерот Перински, го посети штандот на Marmara Municipalities Union на Urban Expo.
Се разговараше за можностите за продлабочување на соработката, размена на искуства и добри практики во делот на локалниот развој, урбаното планирање, дигитализацијата и јакнењето на капацитетите на општините, начините на поврзување на општините со ЕУ програми и слично.
Интересот за соработка со Македонија и нашите општини и институции е се поголем, и токму затоа Министерството за локална самоуправа останува посветено на градење активни меѓународни партнерства кои ќе значат современи, ефикасни и развојно ориентирани локални заедници.