Министерството за локална самоуправа ја исполни обврската за промена на таблиците на службените возила.
Одлуката за промена на таблиците на службените возила беше донесена на Владината седница на 29.07.2025 година, со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Новите регистарски таблички овозможуваат јасна разлика меѓу службените и приватните возила, со што се превенира злоупотреба за лични или партиски цели.
Оваа одлука е дел од напорите за:
• одговорно управување со државните ресурси;
• поставување на повисоки стандарди на интегритет;
• целосна отчетност пред јавноста.