МИСИЈА

Унапредување на системот на локалната самоуправа за обезбедување на локални јавни услуги  на  ниво  на  утврдени  стандарди  согласно  потребите  на  граѓаните,  како  и  поттикнување  и создавање на услови за динамичен територијален развој преку политиките за одржлив локален  развој  и  рамномерен  регионален  развој  со  цел  намалување  на  разликите  во  развојот  на  општините, како и меѓу и во планските региони на транспарентен и инклузивен начин. Својата мисија Министерството за локална самоуправа ја остварува во координација со другите  надлежни  министерства,  општините  и  со  ЗЕЛС,  во  консултација  со  граѓанскиот  и  со  бизнис  секторот.

 

ВИЗИЈА

Децентрализиран  и  одржлив  систем  на  локалната  самоуправа  кој  обезбедува  кохехзија  на  граѓаните,  доставува  квалитетни  и  стандардизирани  локални  јавни  услуги,  и  генерира  балансиран развој на општините и планските региони.

 

ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА МЛС

  • Подготовка на закони и подзаконски акти за уредување и за развој на системот за локална самоуправа и за рамномерен регионален развој;
  • Следење на развојот и предлагање мерки за унапредување на локалната самоуправа;
  • Следење и поттикнување на рамномерниот регионален развој;
  • Следење на функционалноста на територијалната организација на локалната самоуправа;
  • Поттикнување, поддржување и следење на меѓуопштинската соработка;
    Спроведување програми за прекугранична и транснационална соработка, согласно со одредбите од регулативата на Европската Унија за спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА‐прекугранична и територијална соработка);
  • Водење на регистри и евиденции, согласно со закон (регистарот на грбовите и знамињата на општините, евиденција на воспоставените облици на меѓуопштинска соработка, евиденција на меѓународната соработка на општините, евиденција на облиците на месна самоуправа, евиденција за развојните потенцијали на општините и на планските региони.).