Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Косово - Министерство за администрација на локална самоуправа, во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III  Програма за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија 2021-2027:

 

Министерство за локална самоуправа објавува

 

Јавен оглас

 

за изнајмување канцелариски простор за Антена службата во Скопје

 

Услови кои треба да ги задоволува просторијата на Антена службата се:

  • Треба да е лоцирано во централно подрачје на градот Скопје во близина на Министерството за локална самоуправа
  • Треба да има услови за сместување веднаш
  • Треба да е со површина од 40-50 м2 (со вклучена површина на санитарниот чвор), со добра термо и звучна изолација
  • Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со паркиг простор;
  • Да поседува приклучоци за телефон, интернет, струја и вода
  • Да поседува грејни/разладни тела како и инсталирано мала кујна со мини бар/фрижидер.
  • Да има функционален тоалет

 

Понудата треба да содржи:

  • Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ. Доколку понудата се доставува од физичко лице цената да се достави во бруто износ од кој ќе се плати и данок за доход од закуп.
  • Адреса, местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување
  • Имотен лист со кое се докажува сопственоста
  • Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка
  • Лична карта на сопственик

 

Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го ДДВ. Поради тоа, понудената цена која вклучува ДДВ нема да се смета за подобна.

 

Начин на поднесување на понуда

Вашата понудата  согласно условите погоре Треба да ја пратите во затворен плик/писмо го испратите во рок од 8 дена од денот на објавување. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.   

Документите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Северна Македонија

 

За: Нуредин Исмаили; Понуда за изнајмување канцелариски простор за Антена службата во Скопје.

 

За дополнителни информации: +  389 02 3253 951