Република Северна Македонија – Минситерство за локална самоуправа со соработка со Република Косово - Минситерство за администрација на локална самоуправа, во склоп на активностите за имплементирање на ИПА Програма за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија 2014-2020:

Министерство за локална самоуправа објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за изнајмување канцелариски простор за Антена службата во Куманово

Услови кои треба да ги задоволува просторијата на Антена службата се:

  • Треба да е лоцирано во централно подрачје на градот Куманово
  • Треба да има услови за сместување веднаш
  • Треба да е со површина од 40-50 м2 (без вклучена површина на санитарниот чвор), со добра термо и звучна изолација
  • Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со сопствен паркиг простор;
  • Да поседува приклучоци за телефон, за интернет, струја и вода
  • Да поседува грејни/разладни тела како и инсталирано мала кујна со мини бар/фрижидер.
  • Да има функционален тоалет  

Понудата треба да содржи:

  • Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ
  • Адреса, местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување

Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го ДДВ. Поради тоа, понудената цена која вклучува ДДВ нема да се смета за подобна.

По нашето известување за изборот на најповолна понуда и пред постапката за доделување на Договор, понудувачот ќе треба да приложи:

  1. Имотен лист со кое се докажува сопственоста
  2. Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка
  3. Лична карта на сопственик 

Начин на поднесување на понуда:

Вашата понудата  согласно условите погоре Треба да ја пратите во затворен плик/писмо го испратите во рок од 8 дена од денот на објавување. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.   

Документите треба да се ипратат на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

За: Хајрие Ахмед; на надворешниот дел од прикото да се наведе огласот на кој се однесува апликацијата.

За дополнителни информации: +  389 02 3253 951