Република Северна Македонија – Минситерство за локална самоуправа со соработка со Република Косово - Минситерство за администрација на локална самоуправа, во склоп на активностите за имплементирање на ИПА Програма за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија 2014-2020:
Министерство за локална самоуправа објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за изнајмување канцелариски простор за Антена службата во Куманово
Услови кои треба да ги задоволува просторијата на Антена службата се:
- Треба да е лоцирано во централно подрачје на градот Куманово
- Треба да има услови за сместување веднаш
- Треба да е со површина од 40-50 м2 (без вклучена површина на санитарниот чвор), со добра термо и звучна изолација
- Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со сопствен паркиг простор;
- Да поседува приклучоци за телефон, за интернет, струја и вода
- Да поседува грејни/разладни тела како и инсталирано мала кујна со мини бар/фрижидер.
- Да има функционален тоалет
Понудата треба да содржи:
- Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ
- Адреса, местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување
Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го ДДВ. Поради тоа, понудената цена која вклучува ДДВ нема да се смета за подобна.
По нашето известување за изборот на најповолна понуда и пред постапката за доделување на Договор, понудувачот ќе треба да приложи:
- Имотен лист со кое се докажува сопственоста
- Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка
- Лична карта на сопственик
Начин на поднесување на понуда:
Вашата понудата согласно условите погоре Треба да ја пратите во затворен плик/писмо го испратите во рок од 8 дена од денот на објавување. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.
Документите треба да се ипратат на следната адреса:
Министерство за локална самоуправа
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје,
Република Северна Македонија
За: Хајрие Ахмед; на надворешниот дел од прикото да се наведе огласот на кој се однесува апликацијата.
За дополнителни информации: + 389 02 3253 951