На Комитетот за ИПА одржан на 3 јуни 2022 година, Европската комисија ја усвои новата Програма за прекугранична соработка ИПА III СРБИЈА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА за периодот 2021-2027 година. Вкупната вредност на оваа програма е 9.734.117,65 евра, од кои ЕУ финансира 8.400.000 евра.  Општа цел на програмата е да се промовираат добрососедските односи, да се поттикне интеграцијата во  Унијата и да се придонесе на социјален, економски и територијален развој на прекуграничната област на Програмата преку подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето, преку развивање на одржлив туризам.

 

     Во Србија Програмата ги опфаќа областа на Јабланица: Град Лесковац и општините Бојник, Лебане, Медвеѓа, Власотинце и Црна Трава, Областа на Пчиња: Град Врање со две градски општини: Врање и Врањска Бања и општините Владичин Хан, Сурдулица, Босилеград , Трговиште, Бујановац и Прешево.

     Во Северна Македонија: Северо-источен плански регион: општините Кратово, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, Скопски плански регион: општините Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Зелениково и општините  Бутел, Ѓорче Петров , Шуто Оризари и Гази Баба на Град Скопје.

 

Програмски тематски кластери (ТК), тематски приоритети (ТП) и специфични цели (ПС) се:

TК 1: Подобрување на можности за вработување и социјални права,

ТП1: Вработување, мобилност на работната сила и социјална и културна вклученост преку      границите;

СО: Подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето.

 

TК 4: Подобрување на  деловната средина и конкурентноста,

ТП5: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;

СО: Унапредување на културното и природното наследство за одржлив развој на туризмот.

 

Оперативната програма можете да ја превземате овде

 

COMMISSION IMPLEMENTING DECISION