14 единици на локалната самоуправа во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион успешно ги развија и ги донесоа своите локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП), чекор напред кон промовирање на Интегрираниот регионален систем за управување со отпад во земјата. Овие планови, развиени од општините и технички поддржани од САЛАР Интернешенал (SALAR International) со финансиска поддршка од Сида, укажуваат на колективната посветеност за подобрување на практиките за управување со отпадот во Северна Македонија.

 

Со оглед на тоа што управувањето со отпад е одговорност на единиците на локалната самоуправа во земјата, ЛАП-овите претставуваат напори за обезбедување рамномерен, инклузивен, одржлив и зелен развој на локално ниво. Тие даваат приоритет на активности како што се обезбедување услуги за отпад на што е можно повеќе корисници, воведување систем за селекција на отпадот и собирање на одделни текови отпад, како и намалување на количината отпад што завршува на депониите, со што се придонесува за постигнување на националните цели за повторна употреба, рециклирање, преработка и превенција. Покрај тоа, тие се фокусираат на подигање на свеста во заедниците за одржливите практики за управување со отпадот.

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во партнерство со проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво во Северна Македонија“, продолжува да работи со локалните власти во овој плански регион за промовирање на напорите за подобрување на практиките за планирање за управување со отпадот во општините и зајакнување на нивните капацитети за испорака на висококвалитетни услуги за сите граѓани, без оглед на нивното место на живеење.

Локалните акциски планови развиени до сега се достапни на следните линкови:

Општина Битола        

Општина Новаци

Општина Прилеп

Општина Охрид

Општина Кичево

Општина Могила

Општина Пласница

Општина Демир Хисар 

Општина Долнени

Општина Ресен

Општина Дебрца

Општина Вевчани

Општина Крушево

Општина Кривогаштани