Врз основа на член 52 став (1) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 14/20), Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, донесе

 

ОДЛУКА

за избор по интерен оглас број 01/2022 за унапредување на 2 (два) административни службеници во Министерството за локална самоуоправа

 

  1. За извршител на работното место Раководител на Сектор за рамномерен регионален развој, со звање раководител на сектор и шифра на работно место УПР 01 01 Б02 000, се избира кандидатот Митко Јанкулоски

 

  1. За извршител на работното место Раководител на Сектор за Европска унија, со звање раководител на сектор и шифра на работно место УПР 01 01 Б02 000, се избира кандидатот Нада Петрушева Нешковски

 

 

  1. Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на веб страната на Министерството за локална самоуправа.

                              

О б р а з л о ж е н и е

 

            Врз основа на добиеното Известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии со архивски број 02-866/2 и 02-865/2 од 11.05.2022 година, државниот секретар упати барање со архивски број 04-1246/1 од 12.05.2022 година, за објавување на интерен оглас за унапредување на два административни службеници во Министерството за локална самоуправа. Одделението за управување со човечки ресурси, објави интерен оглас број 01/2022 година за унапредување на 2 (два) административни службеници во Министерството за локална самоуправа, објавен на ден 16.05.2022 година и на веб страниците на Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за администрација. Во функција на спроведување на постапката за унапредување на административни службеници од точка 1 на оваа одлука, Комисијата за унапредување на административни службеници, формирани од страна на државниот секретар со Решение бр. 04-1246/5 од 26.05.2022 година, спроведе административна селекција и одржаа интервју со уредните кандидати кои што ги исполнуваат условите предвидени согласно Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во Министерството за локална самоуправа. Врз основа на освоените бодови од административната селекција и освоените бодови од интервјуто, комисијата состави Записник од административна селекција број 04-1246/10 од 02.06.2022 година, за интерен оглас број 01/2022 за унапредување на 2 (два) административни службеници, Записник за унапредување на 2 (два) административни службеници заради спроведување на интервју по интерен оглас број 01/2022 за унапредување на 2 (два) административни службеници, број 04-1246/8 од 02.06.2022 година и изготвни Финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рагнираниот кандидат за интерен голас број 01/2022 за унапредување на 2 (два) административни службеници број 04-1246/11 од 02.06.2022 година. Врз основа на ранг листата, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа донесе одлука да се изврши избор како во диспозитивиот на оваа одлука.

 

            По конечноста на оваа одлука, ќе се донесе решение за унапредување за именуваниот од точка 1 на оваа одлука.      

 

 

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука каднидатот кој не е избран има право на  жалба  до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страницата на Министерството.

 

 

Прегледај ТУКА