од Инструментот за претпристапна помош (ИПА II)
Референтен број: EuropeAid/173818/ID/ACT/Multi
Влада на Република Србија, министерство за финансии, сектор за склучување договори и финансирање на фондовите на ЕУ (CFCU),
Во партнерство со:
Министерство за европски интеграции на Република Србија
и
Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија
објавува
Втор повик за предлози за поднесување проекти од следниве приоритетни области:
ТП1: Промовирање на вработување, мобилност на трудот и социјална и културна прекугранична вклученост:
- 1.1: Подобрување на вештините и создавање можности за вработување во перспективни сектори
- 1.2: Развој на инклузивно општество
ТП2: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство:
- 2.1: Мобилизирање на културните и природните ресурси за заеднички развој на одржливи туристички производи и дестинации
- 2.2: Поттикнување заеднички системи за управување со ризици во природни и културни места, како и човечки населби, вклучително и подготвеност за катастрофи или итни случаи кои финансиски ќе бидат поддржани од ИПА II буџет на Прекуграничната Програма Србија-Северна Македонија за 2018, 2019 и 2020 година.
Сите апликации треба да се доставуваат по пошта, рачна достава или курир на следната адреса:
Министерство за финансии
Одделение за склучување договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ (CFCU)
Одделение за евалуација и склучување договори
ул.Сремска бр.3-5 VII кат/канцеарија 701
11000 Белград, Република Србија
Крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 8 јуни 2022 година (во случај на рачна испорака, крајниот рок за прием е до 15:00 часот по локално време истиот ден). Сите апликации поднесени по истекот на рокот ќе бидат исклучени од процесот на евалуација.
Упатсвото за апликанти е достапно на следните веб-страници:
www.cfcu.gov.rs , www.eu.rs-mk.org www.evropa.gov.rs; https://www.mls.gov.mk/, www.mei.gov.rs, https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome,
Контакт за дополнителни информации:
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.