Република Северна Македонија свечено ја одбележува третата годишнина од членството на земјата во НАТО.
Нашето членство во овој моќен воено-политички сојуз е доказ за нашата посветеност за јакнење на безбедноста на нашите граѓани, за потребата од мир и стабилност во нашиот регион и пошироко.
Во НАТО, сите членки се еднакви, силни и обединети, за мир, безбедност, стабилност и развој, со споделување на заеднички, демократски вредности.