Првиот  повик за проектни предлози на Програмата за транснационална соработка ИНТЕРРЕГ V-Б Балкан-Медитерански 2014-2020 (BalkanMed) е објавен на 16.12.2015. Вкупниот буџет за јавниот повик е 20.132.788 евра, од кои 17.112.870 евра се фондовите на ЕУ, а останатите 3.019.918 евра се од национално ко-финансирање од земјите учеснички во Програмата.

Крајниот рок за поднесување на предлог проектите е 15 април 2016 година.

Повикот е отворен за двете Приоритетни Анекси на фондовите на програмата:

  • Приоритет 1: Претприемништво и иновации со буџет од 7.793.338 €.
  • Приоритет2: Животна средина со буџет од  12.339.450 €.

Проектите треба да ги вклучуваат корисниците од најмалку три (3) од пет (5) државите-партнери (Грција, Бугарија, Кипар, Албанија и Република Македонија).

За Приоритет 1 буџетот е  од 500,000 € до 1.000.000 € додека за Приоритет2 е 1 од 500,000 € до 1.500.000 €.

Повеќе информации за повикот, за поднесување на предлог проекти и за самата програма се достапни на веб-сајтови на Програмата:

Лице за контакт во Министерство за локална самоуправа, Република Мекедонија се:

  • Mjellma Mehmeti – Petersen: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.и
  • Hajrie Ahmed

Програмата BalkanMed

Програмата BalkanMеd кој ги спојува трите земји на ЕУ (Грција, Бугарија и Кипар) и две земји-кандидатки (Албанија и  Република на Македонија), ќе се фокусира на два приоритетa: зголемување на конкурентноста на регионалната економија преку претприемништво и иновации, и заштита на средина.

Проектите кои се финансирани ворамки на Програмата ќе поттикнуваат претприемачки, социјални и дигитални иновации, воспоставувајќи врски помеѓу бизнисот и образованието, како и да овозможи размена на знаења помеѓу регионите. Инвестиции во рамките на вториот приоритет ќе  обезбедува одржливо користење на ресурсите и заштита на природното и културното наследство низ целиот Балкан-Медитеранскиот регион.

Повеќе од 28 милиони евра од Европскиот фонд за регионален развој и повеќе од 5 милиони евра од Инструментот за прет-пристапна помош ќе бидат наменети за Програмата. Со вклученонационално ко-финансирање, вкупниот буџет на Програмата изнесува 40 милиони евра.