Министерството за локална самоуправа, врз основа на Договорот помеѓу Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од федералниот Департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Владата на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС), спроведуваат проект за Одржлив и инклузивен рамномерен развој во македонија- втора фаза од спроведувањето на Проектот.

 

Проектот има потреба од ангажирање на лидер на Компонента 2 (Outcome 2), клучен експерт за регионално управување во Проектот „ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза. Втората фаза од Проектот започна со потпишување на Договор на 30.09.2021 година, а ќе трае се до 30.09.2025 година. Министерството за локална самоуправа го објавува овој повик за искажување на интерес за клучен експерт за регионално управување, лидер на компонента 2 кој ќе биде ангажиран штом ќе се заврши процедурата за селекција на експерот, за период до завршување на втората фаза на проектот.

 

Кандидатот се очекува да биде со соодветно познавање на проблематиката и да ги задоволува критериумите посочени подолу за горенаведената позиција. Тимот на консултанти кои се ангажирани ја сочинуваат локални долгорочни експерти кои се одговорни пред Министерството за локална самоуправа.

 

 

За привремен ангажман на следната позиција:

  1. Експерт- Лидер на компонента 2, клучен експерт за регионално управување (70% работен ангажман)

Ангажманот на горенаведената позиција е врз основа на склучениот Договор помеѓу Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департмент за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) од една страна и Владата на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за локална самоуправа (МЛС) од друга страна, заверен под арх.бр.02-268/2, од 07.10.2021 година. Ангажманот на горенаведената позиција е со цел соодветно спроведување на Компонентата 2(Outcome 2) на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, а кои активности се дефинираат преку:

Компонента 2: „Советите за развој на планските региони го подобруваат регионалното управување преку практикување на транспарентност, родова и социјална инклузија и граѓанско учество“.

 

Опис на работните задачи и одговорности:

Активности: Лидер на компонента 2, одговорен за спроведување на компонента 2 (70% работен ангажман):

  • Соработка и координација со Тим лидерот и одговорните лица од ЛС и БРР
  • Редовни состаноци и соработка со Тим лидерот
  • Одговорен за успешна координација на процесот на имплементација на сите предвидени активности во рамки на Компонента 2
  • Одговорен за подготовка на услови за работење за консултантите/компаниите кои ќе бидат ангажирани во рамките на компонента 2
  • Редовна координација со ангажираните косултанти/компании
  • Следење на работата, давање на предлози, коментари за подготвени документи во компонента 2.
  • Предлагање на прилагодување на Буџетот на Компонента 2 доколку е потребно
  • Редовно следење на нивото на постигнување на индикаторите на Компонента 2
  • Редовна координација со оперативниот тим од МЛС
  • Редовна кординација со Тим лидерот и другите членови од тимот

 

 

Професионални квалификации,искуство и компетенции

Лидер на компонента 2 –одговорен за спроведување на компонента 2 (70% работен ангажман) треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Минимум 8 години работно искуство, од кои најмалку 5 во локалната самоуправа или во областа на локалниот или регионалниот развој
  • Завршено високо образование во областа на економски, организациски или социјани науки
  • Претходна соработка со општините, советите за развој на планските региони, центрите за развој на планските региони, МЛС, БРР, донори 
  • Искуство и познавање на форумските процеси,
  • Искуство во учество во проекти,
  • Познавање на работата со компјутерски програми за канцелариско работење ,
  • Познавање на англиски јазик,

 

Потребни документи за аплицирање:

Писмени докази за сите критериуми назначени во делот професионални квалификации/искуство, односно

 

  • Професионална биографија(CV) и Писмо за интерес (Мотивационо писмо)
  • Универзитетска диплома за завршено високо образование
  • Потврда за 8 години работно искуство, од кои најмалку 5 во областа на локалната самоуправа или регионалниот развој
  • Потврда/Сертификат за познавање на работата со компјутерски програми за канцелариско работење
  • Сертификати

Кандидатот треба да биде подготвен да го поткрепи со соодветна документација наведеното искуство.

Освен релевантното искуство наведено во критериумите, селектираните кандидати треба да ги поседуваат и следните компетенции: одлични способности за изразување(писмено и усно) првенствено на македонски, но исто така и на англиски. Солидни вештини за истражување и анализа, солидни вештини за преговарање, држење презентација и тренинг, соодветни вештини за менаџирање со луѓе, способност за работа со кратки рокови и висока комплексност како и посветеност и ентузијазам.

Со пријавените кандидати кои ќе имаат комплетна документација ќе се изврши Интервју за оценка на комуникациските и презентациските вештини, подготвеност, познавање на англиски јазик и слично која ќе биде соодветно оценувана. Некомплетни документации нема да бидат земени во предвид.

 

Доставување на извештаи

На секои 6 месеци ќе учествува во пофготовка на финансиски и наративни извештаи кои од страна на МЛС ќе бидат доставени до Амбасадата на Швајцарија/СДЦ

 

Аплицирање

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Адреса на достава на апликации: Архива на Министерствотоза локална самоуправа ул. Кирил и Методија бр.54, 1000 Скопје со назнака: „НЕ ОТВАРАЈ и „За Јавен оглас“ Проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза.

Последен рок за доставување апликации е 23 февруари 2023 година, до 14.00 часот.