Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014ТC16I5CB006, објавува јавен оглас за следната работна позиција:

  • 1 (eден) финансиски експерт во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2014ТC16I5CB006.

 

Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете на следната официјална страна  www.mls.gov.mk;

 

Кандидатите треба да ги достават следните документи:

-  Мотивациско писмо на англиски јазик;

-  Кратка биографија (CV), на англиски јазик;

-  Копија од диплома (универзитетска диплома од полето на  финансиски менаџмент, бизнис администрација, економски науки, правни науки или други релевантни општествени науки / бизнис студии (минимум 180 EKTC, или VII/1 степен);

- Треба да се достават фотокопии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија.

 

Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Краен рок за аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е-пошта до 10 Февруари 2023 година најдоцна до 15:00 часот.

 

Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат).

 

Дополнителни информации може да се добијат на телефоните: +389 70 737-129 и +389 71 380-866.

 

TOR