ОТВОРЕН ПОВИК

 

Истражувачки трудови за прекугранична соработка, финансирани од ЕУ, за проекти спроведени во рамките на ИПА 2007-2013 и ИПА 2014 -2020 програма за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

 

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, како оперативни структури на ИПА II програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија 2014-2020 , во рамките на оваа прекугранична програма во Ноември 2021 година, објавуваат повик за испраќање на  апликации за подготовка на истражувачки трудови на реализирани  проекти финансирани во рамките на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија - Албанија за периодот (2007 - 2013) и периодот (2014-2020). Оперативните структури на оваа прекугранична програма се заинтересирани да дознаат како спроведувањето на ИПА прекуграничната програмата помеѓу Северна Македонија и Албанија придонесува за подобрување на животот на жителите во прекуграничната област на оваа програма. На повикот / натпреварот можат да учествуваат апликанти од Северна Македонија и Албанија според критериумите за подобност утврдени во упатствата за овој повик.

 

 

Упатствата и образецот за апликација за овој отворен повик може да се преземат од следните официјални веб-страници: http://ipacbc-mk-al.eu; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

 

Критериумите за подобност на натпреварувачот за учество и другите критериуми можете да ги најдете во Упатствата за апликантите.

 

Крајниот рок за поднесување на пријавите е до полноќ по средноевропско време на 15 февруари 2022 година.

 

Application form

Revised Guidelines