Преспа Форум Дијалог 2021


Тркалезна маса за локалната самоуправа: Перспективите на прекуграничната соработка во контекст на проектотот ЕУ за Преспа

Милевски: Локалните власти се клучни креатори на соработката и развојот во регионот преку имплементација на проекти од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка


Договорите, форумите, политиките, имаат смисла само ако предизвикаат позитивни промени кои што ќе имаат влијание на живеачката на луѓето. Затоа, колку што е важна Преспа за нас и за Европската Унија, исто толку и Европската Унија е важната за Преспа и за луѓето кои што живеат овде, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој што на “Преспа Форум Дијалог 2021” ја отвори Тркалезната маса за локалната самоуправа: Перспективите на прекуграничната соработка во контекст на проектотот ЕУ за Преспа.
-Она што сега го прават земјите, општините од регионот веќе го практикуваат преку ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка. Локалните власти и граѓанските организации се клучни креатори на соработката и развојот во регионот и од досегашната имплементација на над 200 проекти финансирани од Европската Унија придобивките се огромни и неможат да се претстават само во пари туку и во знаење, вредности, вмрежување, пријателства. Речиси и да нема општина во државата што нема заеднички проект со општина или со граѓанска организација од соседна земја.
Милевски најави имплементација на неколку стратешки проекти во преспанскиот регион кои што финансиски ќе бидат подржани од Европската Унија во рамки на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка, меѓу кои и нов граничен премин со Грција кај месноста Маркова нога.
-Благодарение на искуството кое што веќе го имаме, верувам дека во наредниот програмски период ќе оствариме уште подобри резултати. На Преспа сме и потребни со целиот наш капацитет и знаење. Безбедноста и благосостојбата на нашите земји и граѓани е највисокиот приоритет на кој што треба да работиме и да соработуваме, се надевам сите како членки на Европската Унија.
На Тркалезната маса за локалната самоуправа и имплементацијата на ИПА проекти за прекугранична соработка учествуваат и Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Јасна Габрич, копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет на локални и регионални власти меѓу Северна Македонија и Европската Унија, градоначалникот на Пустец-Албанија, Пали Колевски, универзитетскиот професор и координатор на ИПА проекти од Грција, Атанасиос Граменос, градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.
Идејата на “Преспа Форум Дијалог” кој што се одржува во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Владата, е да ја зајакне соработката во регионот и меѓу локалните власти кои што имаат значајна улога во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.


Министерство за локална самоуправа