Министерството за локална самоуправа, Скопје, во соработка со Министерството за евро-интеграции, Тирана, оперативни структури одговорни за имплементација на оваа ИПА Програмата за прекугранична соработка,  ќе организираат саем на ракотворби, на 10 ноември, 2017 година во хотел ДРИМ, Струга, како дел од 5та прослава на Денот на Европската Териториална Соработка (ETCD).

Сите заинтересирани изработувачи на ракотворби од подобната област која ја покрива оваа програма: Пелагонискиот, Полошкиот и Југоозападниот регион, како и регионите на Дибер, Елбасан и Корча, се поканети да учествуваат на овој саем.

Не се плаќа котизација за учество на саемот за ракотворби.

За сите учесници на саемот за ракотворби, ќе биде обезбеден организиран транспорт за две лица.

За сите учесници на саемот за ракотворби, ќе биде обезбедено сместување/ ноќевање на 9ти ноември, 2017 година во хотел Дрим во Струга, за едно лице.

Маси за подготовка на штандови ќе бидат обезбедени од страна на хотел „Дрим“.

За три најдобро уредени штандови обезбедени се награди.

Церемонијата на прогласување на најдобро уредените штандови (прва , втора и трета награда) ќе се организира на 10 ноември 2017 година, во хотел Дрим , Струга за време на одржувањето на саемот на ракотворби.

Ве замолуваме вашата апликација за учесто  на саемот за рактворби да ја испратите на следната адреса / емаил адреса:

Заеднички технички секретаријат

ул. Ѓуро Салај 31   
6330 Струга , Македонија
Tel. +389 75 297 779
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Antenna Elbasan

Lagja “Brigada 17 S”, Rruga “11 Nëntori”, Prefecture of Elbasan, 3rd floor,
Elbasan, Albania
Tel: +355 (0) 54 244 431 / +355 (0) 692245430
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Во вашата апликација ве замолуваме да ги обезбедите следните информации:

  • Име на организацијата
  • Име и презиме на учесниците на  саемот кои ќе патуваат со организираниот транспорт
  • Име и презиме на лицето што ќе ноќева во хотел Дрим
  • Адреса, контакт телфонски број и емаил