22.12.2021 Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, министерот за локална самоуправа ја донесе Одлуката за за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони и за зголемување на конкурентноста.

Согласно оваа Одлука ќе се финансираат нови 5 проекти во вкупен износ од 13 846 971 денари. Средствата се утврдени во Програмата за изменување и дополнување на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, со индикативни планирани средства за 2022 година, во вкупна вредност од 88 600 000 денари.

Со Одлука од 24.06.2021 година веќе се финансирани 22 прокти во вредност од 74 853 900 денари, или вкупно 27 проекти за 2021 година од Програмата за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони и за зголемување на конкурентноста, што се имплементира од Буџетот на Министерството.

Повеќе информации на линкот

https://mls.gov.mk/images/files/Odluka%20za%20dispariteti.pdf