Печати

Министерството за локална самоуправа Ве поканува за учество на Првиот национален консултативен форум за подготовка на програмата за транснационална соработка " Балкан - Медитеран 2014-2020 "

Програмата има за цел да ја продолжи изградбата на соработка започната во рамките на програмата " Југоисточна Европа 2007-2013 " , која програма создаде дополнителни предуслови за долгорочно партнерство помеѓу широк круг на институции и организации од Грција , Бугарија , Кипар , Македонија и Албанија (земји членки на програмата Балкан-Медитеран 2014-2020) .


Настанот ќе се одржи на 
12 јуни 2014 година во хотел Континентал (сала-клуб Фонтана) Скопје со почеток од 13.00 до 15.30 часот, каде учество можат да земат сите заинтересирани страни - претставници на локални и регионални власти , територијални единици на централната администрација , невладини организации и други социо-економски партнери , потенцијални корисници на програмата.

Главната цел на форумот е да се претстават најважните карактеристики на новата програма , да се дефинираат потенцијалните области за соработка и да се разговара за тематската концентрација на програмата.

Настанот ќе биде предводена од 
Helena Papazacharopoulou (водител на тимот) и Јасминка Тасева Јанковиќ , членови на консултантски тим кој помага за подготовката на програмата.

 

 

Дневен ред на Форумот