03.11.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервјуто на Канал 5 во емисијата “Само интервју”, говореше за актуелните проблеми во општините предизвикани од енергетската криза.
- Улогата на градоначалниците не е да тргуваат со субвенционирана енергија, туку да водат сметка како се троши, да прават заштеди, како на пример со јавното осветлување, со контрола кога се гаси, дали е направена промена со штедливи сијалици. Во некои општини долговите се поголеми од приходите и затоа се превземаат мерки. Но, во исто време во Парламентот беше заглавен закон за поддршка во областа на енергетиката од ЕБРД, во вредност од 100 милиони евра, а последните информации се дека ЕБРД ги повлекува средствата и ќе ги пренамени за друга држава. Сто милиони евра во македенската економија ќе значеа многу, вака е казнет секој граѓанин, рече
Пенов.
-Наместо Скопје 2014, со 600 милиони евра можеше да се изгради Чебрен и Галиште. Тоа беше класична финансиска грешка која ќе ја плаќаме долго време. Уште потежок е идеолошкиот проблем, што беше целта, да не можеме да си ја видиме иднината, да не држи заробени, рече Пенов. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов истакна дека од идната година општините ќе добиваат повеќе средства од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок. Во време на криза буџетот на државата не може да се зголемува, изворите се ограничени, но може да има заштеди со кои што, ако е потребно, би можело да се интервенира кај општините.

 

                                                                                                                            Министерство за локална самоуправа