Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу одржа работен состанок со постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон.

На состанокот беше презентирана Нацрт студијата за за едношалтерски систем за услуги во општините што се подготвува во рамките на проектот Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво. Притоа беше  констатирано дека Нацрт студијата е сеопфатна, одговара на барањата на министерството и дека Министерството за локална самоуправа ќе помогне и 18-те општини од Полошкиот и од Скопскиот плански регион кои што не одговориле на доставениот прашалник, тоа да го направат во најкраток можен рок, со цел финалната верзија на документот да даде максимално реален преглед на актуелната состојба во сите 80 општини.

На состанокот се разговараше и за начините за продолжување на соработката меѓу УНДП и Министерството за локална самоуправа, преку реализација на нови проекти кои што ќе помогнат да се имплементираат политиките на министерството.