Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, утре, 03.05.2018 година, во Брисел, ќе се обрати на 14-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија.
Во составот на македонската делегација се градоначалници на дванаесет општини, членови на Заедничкиот консултативен комитет.
На состанокот ќе се обратат и двајцата копретседавачи, од Република Македонија, градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски, а од Европската Унија, градоначалничката на словенечката општина Трбовље, Јасна Габриќ.
За состанокот е најавено и учествувото и членот на Европскиот парламент, Иво Вајгл.