Денеска се одржа првата, конститутивна седница на Советот за рамномерен регионален развој во која членуваат министри од надлежните министерства, градоначалниците- претседатели на Советите на планските региони и претседателот на ЗЕЛС. Со Советот претседава вицепремиерот за економски прашања.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, како претставник на министерството кое што е носител на политиката за рамномерен регионален развој најави дека во 2018 година Советот ќе работи со зголемена динамика. На почетокот на годината Советот ќе работи на утврдување на предлогот за распределба на средства за планските региони за финансирање на проекти за развој на планските региони, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата. Покрај тоа, рече министерот Фазлиу, во 2018 година Министерството за локална самоуправа ќе пристапи кон ажурирање на праваната рамка за регионален развој и ќе подготви значајни акти, кои во постапка ги утврдува Советот за рамномерен регионален развој. Станува збор за Предлог за Изменување на Законот за рамномерен регионален развој, Предлог Одлука за класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот 2018-2022, Предлог Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби за периодот 2019-2023 и Предлог Стратегија за регионален развој на Република Македонија 2019-2028.

- Имајќи во предвид дека Министерството за локална самоуправа во подготвувањето на планските документи и другите акти за регионален развој користи партиципативен пристап и остварува соработка со институциите кои се претставени во Советот за рамномерен регионален развој како на централно така и на локално ниво, очекуваме плодна соработка и висок степен на усогласеност по сите прашања кои ќе ги разгледува понатаму ова тело, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Министерот Фазлиу најави дека во во 2018 година ќе започне спроведувањето на проектот "Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој", подржан од Владата на Швајцарија која ќе додели техничка помош за ажурирање на правната рамка за рамномерен регионален развој, но и за други активности кои ќе се реализираат на ниво на плански региони. Меѓу другото ќе бидат финансирани и конкретни, иновативни проекти за развој на планските региони.

- Очекувам  нашата заедничка работа во рамките на Советот да резултира со конкретни идеи и предлози за подобрување на ефектите од политиката за рамномерен регионален развој, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.