Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

На средбата се разговараше за нивото на соработка меѓу двете земји. Акцентот беше ставен на областите од интерес на Министерството за локална самоуправа, пред се на локалниот и на регионалниот развој и прекуграничната соработка.

Исто така се разговараше и за актуелните политички прашања во државата, со акцент на локалните избори.

На средбата министерот Фазлиу ја прифати поканата набрзо да биде организирана билатерална средба во Албанија на министерско ниво, со албанскиот министер надлежен за локалната самоуправа и регионалниот развој.