Средбата беше конструктивна бидејќи двете страни детално ја знаат сотојбата во општина Боговиње.

На средбата се дискутираше за настанатата состојба во локалната самоуправа  БОГОВИЊЕ и како истата да се надмине.

Заедничка констатацијата беше дека претседавачот на советот на локалната самоуправа Боговиње под хитно треба да се свика седница и веднаш да се избере привремен Градоначалник со што ќе се одблокира работата на локалната смоуправа.

Советниците независно на која политичка партија припаѓаат одговорно да се однесуваат бидејќи тие сепак се избрани од народот.

Со избор на привремен градоначалник ќе се одблокира работата на општината и ќе почнат нормално да функционираат сите институции.

Како најболно прашање е исплатата на плати во образованието кај што има  400 вработени, меѓутоа каде е здравственото осигурување, и другите придонеси, голем број се корисници на банкарски кредити и слично.

Со добра волја советниците на општина Боговиње да си подадат рака и оваа состојба да се надмине бидејќи си помагаат себеси, на својте најблиски и на сите граѓани во општината.

Регионалниот одбор на СОНК ќе продолжи со најавените активности се до исполнување на нивното барање, исплата на плати.