Градењето силни, просперитетни заедници бара посветеност да се чујат потребите и грижите на граѓаните во Прилеп, беше истакнато на денешната средба меѓу министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески. Заедно, тие разговараа за широк спектар на важни теми, вклучувајќи ги локалните политики, напредокот на градот и потребите на граѓаните..

Министерот потенцираше дека Министерството за локална самоуправа преку локалните политики потребно е да се усогласени потребите на граѓаните.

 
 Да продолжиме да градиме посилни, поживи заедници кои одговараат на потребите на сите граѓани.