Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу во понеделник, 12.03.2018 година, во 14.30 часот, ќе ја посети општина Чаир.
На работната средба со градоначалникот Висар Ганиу, министерот Фазлиу ќе се информира за функционирањето на општината од аспект на обезбедување на услуги и нивно финансирање, како и за финансирање на проекти кои што и се достапни на општината.