Потпишување на договори за спроведување на проектите за регионален развој за 2018
Посети : 614

Министерството за локална самоуправа ве известува дека во понеделник, 09.07.2018 година, во 13.00 часот, во свечената сала на Владата на Република Македонија ќе одржи настан на кој  ќе се потпишуваат договорите за спроведување на проектите за регионален развој за 2018 г. Финансиската рамка на проектите изнесува 279.333.631 милиони денари.   Корисници на средствата се Центрите за развој  на плански региони и општините. Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Се поканува вашиот медиум да го проследи настанот.

Локација Влада на РМ