Во организација на Министерството за локална самоуправа се одржа инфо ден за новата ИПА 3 Програма за прекугранична соработка Србија- Северна Македонија 2021-2027.


Претставници на Оперативната структура од Министерството за локална самоуправа ги презентираа новите можности за финансирање на проекти во новиот ИПА3 програмски период.
Потенцијалните апликанти на новите јавни повици ќе можат да аплицираат проекти во следните области:


 Подобрување на можности за вработување и социјални права,
 Вработување, мобилност на работната сила и социјална и културна вклученост преку границите;
 Подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето.
 Подобрување на  деловната средина и конкурентноста,
 Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;
 Унапредување на културното и природното наследство за одржлив развој на туризмот.


Потенцијални корисници на грантови се:


 Граѓански организации активни на полето на социјалните, здравствените и културните политики и Граѓанска организации кои ги застапуваат интересите на ранливите групи,
 Институции и организации кои обезбедуваат формално, или неформално образование
 Социјални, здравствени и културни институции
 Општини
 Организации кои ги претставуваат националните или етничките малцинства

 Локалните и регионалните развојни организации/агенции
 Научно-истражувачки институции и организации
 Владините министерства и институти кои ја надгледуваат социјалната и здравствената политика.
 Локални и регионални туристички организации
 Националните туристички одбори
 Стопанска комора, занаетчиски комори, деловни здруженија, кластери, задруги, здруженија на земјоделци
 Институции за заштита на природата/животната средина
 Институции од областа на културното или историското наследство. Граѓански организации активни во туризмот, природата, животната средина и/или културно/историското наследство.


Вкупната вредност на финансиските алокации е 8,400,000.00 Евра. Средствата ќе бидат достапни по распишани јавни повици кои што ќе бидат објавени на веб-страната на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија, на Министерството за локална самоуправа, и во печатени медиуми.