16.11.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска имаа состанок во градот Скопје со градоначалничката Арсовска за реализацијата на неколку значајни инфраструктурни објекти за кои што Владата очекува да бидат завршени.
-На состанокот е постигната согласност Универзална сала да ја гради Министерството за култура, а разговаравме за вклучување на Владата во реализацијата и на други важни проекти во градот Скопје, за кои што Владата смета дека треба да бидат завршени, изјави по состанокот министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.
Министерката за култура истакна дека Владата преку Министерството за култура веќе има префрлено средства за реконструкција на Универзална сала и е неопходно да се најде решение за завршување на работите.
-Владата ја препозна потребата од зачувување и реконструкција на Универзална сала како објект од големо национално значење и за таа намена обезбеди средства кои што се префрлени на градот Скопје. Бидејќи работите се во застој, Владата иницираше состанок со цел да се најде заедничко решение, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

                                                                                                                           Министерство за локална самоуправа