26.08.2022

     Општина Демир Хисар, како и општините Битола, Крушево и Прилеп, со поддршка на Министерството за локална самоуправа располагаат со нови возила и опрема за противпожарна заштита. Средствата за противпожарното возило во Демир Хисар, во вкупна вредност од 8 милиони денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој со кофинансирање од општина Демир Хисар во износ од 2 милиони денари.
     -Со поддршка на Министерството за локална самоуправа се обезбедени четири противпожарни возила и опрема за потребите на општините од Пелагонискиот плански регион, со што придонесуваме кон решавање на долгогодишниот проблем а тоа е недостиг од современа функционална противпожарна опрема. Со набавката на ново противпожарно возило за потребите на општина Демир Хисар се зголемува безбедноста на граѓаните од овој дел од регионот како и ефикасноста и брзината на интервенциите кои оваа територијална противпожарна единица ги врши не само на територијата на Демир Хисар туку по потреба и во соседните општини, рече Милевски. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски истакна дека Министерството за локална самоуправа прави максимални напори за финансирање на сите добри проекти што го помагаат развојот на планскиот регион и на општината.
-Веќе е одобрен и проектот за набавка на механизација за чистење на пат за потребите на село Големо Илино и подобрување на пристапноста до манастирскиот комплекс СВ. Илија, а во фаза на одобрување се уште три нови проекти, меѓу кои и ново јавно осветлување на регионалниот пат на делот што поминува низ Демир Хисар, што ќе значи подобрување на безбедноста на жителите, но и на сообраќајот на овој дел од регионалниот пат Битола-Кичево, каде што има зголемена фрекфенција на движење на луѓе и на возила.