Министерот за локална Горан Милевски утре во Сандански ќе оствари средба со министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов. Во делегацијата што ја предводи министерот Милевски се и дваесет и пет градоначалници на општините од пограничниот регион кои што во Сандански ќе имаат средба со своите бугарски колеги. 
 
На состанокот ќе се разговара за динамизирање на соработката за заеднички проекти за прекугранична соработка, финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија, како и за размена на искуства за развој на општините и за нивна дигитална трансформација.