Технички состанок на Заедничка работна група за
ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу
Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

Изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027, официјално, ќе се изгласа на 11 Февруари.
На техничкиот состанок одржан на 4 Февруари, изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027 доби поддршка за усвојување од страна на членовите на Заедничка работна група за ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027.
Техничкиот состанок беше на тема „Придонес кон предложените измени на нацрт документот Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027“.

На состанокот на Заедничката работна група, присуствуваше заменик министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, кој во своето обраќање го оцени досегашното остварување на ИПА програмата со Бугарија и даде поддршка на работата на членовите на групата.
На состанок, изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027 беше презентиран од страна на Националниот Орган на Република Северна Македонија при министерството за локална самоуправа, одговорен за реализација на ИНТЕРРЕГ ИПА прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.
Презентацијата имаше за цел поттикнување на членовите да го споделат своето мислење и да дадат директна интервенција на споменатиот документ преку тимска дискусија која овозможи отворање прашања од пошироки области и аспекти.
Состанок придонесе кон потранспарентно претставување на задачите и актуелните проблематики поврзани со новиот програмски период на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027, а врз основа на последните регулативи од Европската Комисија, донесени во декември 2020 година.
Заедничката работна група за новиот програмски период 2021-2027, официјално ќе се состане на 11 Февруари, со присуство на членовите од двете земји, каде изменетиот нацрт документ Логика на интервенција за новиот програмски период 2021-2027, ќе се изгласа од двете страни.