Министерството за локална самоуправа со 3 милиони денари ќе ја финансира првата фаза на работите за санирање на каналот во Сингелиќ, активност која е приоритет број еден за граѓаните на оваа населено место. Ова го истакна меѓу другото министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу на денешната посетата на општина Гази Баба, каде се сретна со градоначалникот, г-дин Борис Георгиевски. На средбата на која присуствуваше и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, беше разговарано за активностите кои се во тек во оваа општина, проектите предвидени за оваа и наредните години, како и за решавање на приоритетните проблеми и прашања на населението во населените места кои се составен дел од општината.

Министерот Фазлиу пред присутните ја истакна потребата за тесна соработка на општините со Министерството за локална самоуправа и соработката помеѓу општините и месните заедници. Во оваа прилика тој ја истакна политиката за рамномерен регионален развој како предуслов за намалување на разликите меѓу општините и населените места кои се изразени на високо ниво, особено меѓу градските и руралните општини како и помеѓу селата. 

-Ние сме подготвени, истакна министерот Фазлиу со средства од Министерството за локална самоуправа да помогне во реализација на проектите кои се иницираат од граѓаните а во овој поглед треба да се искористат и  можностите со квалитетни проекти кои ќе произлезат како приоритети од граѓаните, да најдат финансиска поддршка од домашни и од европски фондови.

Градоначалникот на општина Гази Баба, го запозна министерот Фазлиу со активностите и проектите   кои се реализирани досега а кои се однесуваа на инвестициите реализирани во инфраструктура, отворање на нови  капацитети за работа како и за изградбата  на патишта и други активности. Тој особено се задржа на проектот за изградбата на нов објект за општина Гази Баба, кој се очекува да се реализира во јавно-приватно партнерство, а ги истакна и неколку значајни активности во населеното место Сингелиќ,  каде за кратко време ќе започне бетонирањето на земниот канал во должина од околу 300 метри.

Министерот Фазлиу, во придружба на претседателот Георгиевски,  ја посетија и меснатата заедница  "Алија Авдовиќ",  која сега си доби нов реконструиран објект каде има идеални услови за работа за месната заедница, за  Канцеларијата за водење на матичните книги и  полициската станица.