21.04.2022

 

Со Решение донесено на 23 февруари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби  од Законот за локалната самоуправа кои што се однесуваат на името на државата.

 

Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа дека при примената на одредбите од Законот за локалната самоуправа, согласно  член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, во прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.

 

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите “Република Македонија”, со образложение дека не се во согласност со Уставот.

 

Решението на Уставниот суд во целост ТУКА



Министерство за локална самоуправа