23.07.2024
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински реализираше информативна средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпковски.
Градоначалникот Трпковски го информираше министерот за оперативниот фокус на Општина Сопиште во тековниот период, којшто е насочен кон разрешување на бројни тековни градежни проблеми, а воедно и соодветно водоснабдување за сите жители во општината и тоа во тек на едно од најтоплите лета во скопскиот регион.
Сите капацитети на општината се максимално насочени кон решенија за сите предизвици и на постојаните жители, како и на оние Скопјани за кои општина Сопиште е омилена викенд дестинација.
Министерот Перински му понуди поддршка на градоначалникот Трпковски, со цел лоцирање на најсоодветните начини за креирање на поголема подготвеност на општината за брзи и практични инфраструктурни решенија за сите актуелни предизвици на жителите, како контролирање на можни сезонски пожари, санација на можен недостиг на вода, овозможување достапни патишта и за возачите и за пешаците.