22.07.2024

 

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион (ЦРВПР), Сашо Мошев, истакна дека приоритет е ефикасно, одговорно и праведно да се завршуваат работите, а главна причина за истото е очекувањето на граѓаните за конкретни решенија за нивните приоритетни потреби во општините.

Министерството за локална самоуправа е во постојана комуникација со општините и со локалните власти, но и со граѓаните со кои што гради партнерски однос во решавањето на сите приоритетни прашања од локална надлежност.