Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорите на Центрите за развој на планските региони потпишаа договори за финансиска поддршка на Центрите.  
 
Во тековната година Центрите за развој  ќе реализраат повеќе активности од проектот Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, што Министерството го имплементира со поддршка на швајцарската Влада.
 
Во рамките на овие активности се и регионалните форуми што се организираат во секој плански регион за да се идентификуваат приоритетните проекти со учество на граѓаните и на бизнис заедницата.
 
Проектите кои што се приоритетни за граѓаните се реализираат со средства од буџетот на државата преку програмата за рамномерен регионален равој.