22.11.2022

Министерот за локална самоуправ Ристо Пенов имаше средба со министерот за локална самоуправа на Косово, Елберт Красниќи, во Скопје, во рамките на Програмата за добро управување на Советот на Европа, спроведена од организацијата АЛДА. Двајцата министри на одвоена средба разговараа за приоритетните прашања во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, како и за напредокот на процесот за отпочнување на новиот ИПА3 програмски период. На состанокот беше изразено задоволство од имплементацијата на Програмата за прекугранична соработка, која што иако започна подоцна, дава добри резултати. Во првиот и во вториот програмски период се имплементирани вкупно 21 проект во вредност од околу 8 милиони евра за двете држави. Во рамките на оваа Програма е финансирана и изградбата на
граничниот премин Белановце-Станчиќ, со 1,2 милиони евра, средства од Европската Унија.
Двајцата министри разговараа за потенцијалните стратешки проекти кои што ќе бидат имплементирани со новата Програма за прекугранична соработка, како и за соработката меѓу двете министерства за размена на искуства и зајакнување на административните капацитети за поефикасно и поотчетно управување со средствата од Европската Унија.

                                                                                                                                     Министерство за локална самоуправа