14.11.2022

На втората заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и на Владата на Република Албанија на која што учествува министерот за локална самоуправа Ристо Пенов се истакнати придобивките од прекуграничната соработка, финансиски поддржана од ИПА инструментот на Европската Унија.

Проектите кои што се имплементираат и во двете држави преку Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија се важни за развојот на регионот и имаат директно влијание на подобрувањето на условите за живеење во општините од двете страни на границата. Во рамките на вториот програмски период, се одобрени и се реализирани 20 заеднички проекти во вкупна вредност од 10.1 милиони евра.

Прекуграничната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во третиот програмски период, до 2027 година, што е извонредна можност за двете држави да реализираат и стратешки проекти со кои што ќе се олесни комуникацијата и соработката меѓу граѓаните од двете земји и ќе се поттикне развојот во регионот. Преку реализација на заеднички проекти, двете земји заедно работат на развојот на регионот и на исполнувањето на условите за што побрзо интегрирање во Европската Унија.

                                                                                                                 Министерство за локална самоуправа