10.11.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на средбата со постојаниот претставник на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан разговараше за проектите што заеднички ги имплементираат Министерството и УНДП, како и за приоритетните активности за развој на локалната самоуправа во наредниот период.
На состанокот беше истакнато дека Министерството за локална самоуправа и УНДП имаат долгогодишна соработка која што во моментов се реализира главно преку Проектот за зајакнување на општинските совети, кој што е финансиран од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а кофинансиран преку Министерството за локална самоуправа.
Соговорниците ја истакнаа соработката и која што се реализира и преку проектите за развој на локалната демократија, како и за поттикнување на меѓуопштинската соработка заради подобрување на перформансите на
општините за подобро и поотчетно работење.
На состанокот беше изразено задоволство од досегашната соработка и од динамиката на реализацијата на предвидените активности, со најава дека агендата за наредниот период ќе биде уште понабиена кога ќе се отворат темите за подобрување на функционалноста на локалната самоуправа преку отворање на дискусија за актуелната законска рамка пред сите засегнати страни.

                                                                                                                      Министерство за локална самоуправа