09.11.2022

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска имаше состанок со амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри. На состанокот се разговараше за соработката меѓу двете земји и за улогата на Министерството за локална самоуправа во процесот на интегрирање на земјата во Европската Унија.
При тоа беше истакнат придонесот на Италија, како членка на Европската Унија, во поддршката на Северна Македонија на патот кон Унијата, како и поддршката преку конкретни проекти кои што можат да дадат дополнителен импулс на спроведувањето на политиките во надлежност на Министерството за локална самоуправа.
На состанокот се разговараше и за соработката со локалните власти, за функционирањето на локалната самоуправа во сегашните услови на енергетска криза, како и за мерките што се преземаат за намалување на последиците.

                                                                                                                                   Министерство за локална самоуправа