во рамките на ИПА 2 програмата и финансиска поддршка од петнаесет проценти на Министерството, појасни министерот Милевски.

Според него и двата микро-региони освојуваат со своите природни и културни атракции кои се недопрени и се уште неоткриени од туристите кои патуваат заради нови локални искуства и авантури во природа, а локалното население од двете страни на границата е интензивно е вклучено во креирањето на нови туристички атракции како офф роуд авантури, планинарење низ нови предели, јавање коњи, велосипедизам, готвење на заборавени локални специјалитети, собирање шумски плодови и подготовка на зимница во село заедно со тамошните жители.

Во моментов, инфраструктурните зафати се во полн ек а проектниот работи на План за менаџирање на прекуграничната дестинација Демир Хисар – Клос, градејќи една авантуристичка дестинација во две земји. Со проектот ќе бидат креирани  две патувања, тестирани за нивната атрактивност по што ќе бидат понудени на европскиот пазар за авантуристички туризам.

- Нашите најголеми атракции се недопрените села и автентичноста на луѓето. Со поддршка на ЕУ и Министерството за локална самоуправа за првпат имаме шанса за двоен успех а тоа е истовремено да го промовираме регионот пред потенцијалните туристи и да го вклучиме локалното население во бизнис активности поврзани со туризмот. Особено сум горд на изградбата на Мултифункционален центар во Слоештица, родното место на Петре М. Андреевски  каде ќе биде поместена и спомен соба во негова чест, рече градоначалникот на Демир Хисар, Марјан Стојановски.

Организациите Арт Поинт Гумно од Слоештица и ФЛАГ од Тирана, кои се партнери на проектот, работат со локалното население од двете земји за да ги оправдаат очекувањата на туристите во руралните места но и го подигнат квалитетот на сместувањето и активностите кои луѓето ги нудат.

- Целта на прекуграничната програма е зближување на луѓето од двете страни на границата, креирање на релации и активности за решавање на заеднички проблеми. Овој проект „Откривање на скриените атракции“ навистина ја погодува оваа цел бидејќи луѓето и од Демирхисарско и од Клос се жедни за знаење како својот начин на живот да го презентираат пред туристите од урбаните центри и како да им понудат несекојдневна авантура во недопрените рурални предели. Нашата задача понатаму треба да биде фокусирана на оспособување на локалното население активно да се занимава со рурален туризам со што директно ќе придонесеме кон нови работни места и задржување на младите во регионот, вели менаџерката на проектот, Емилиа Ѓероска.