Министерството за локална самоуправа објавува оглас за ангажирање оценувачи на проектни предлози на објавениот повик на ИНТЕРРЕГ транснационалната програма за соработка “Балкан – Медитеран 2014-2020”, CCI Бр.2014TC16M4TN003.
Краен рок за прием на апликациите е 05.09.2016 година, до 12.00 часот по локално време.
Заинтересираните апликанти треба да достават:
- Лична биографија (CV) на англиски јазик во ЕУ формат,
- Мотивациско писмо на англиски јазик,
- Доказ за завршено образование,
- Доказ за работното искуство наведено во личната биографија,
- Писмо со препораки од претходно релевантно искуство
(работното искуство за кое нема потврда или препорака, или кое не е заверено со сертификат нема да се разгледува)
Само оние апликации кои ќе пристигнат до крајниот датум и време на овој оглас за ангажирање на оценувачи ќе бидат земени во предвид за разгледување.
Апликацијата со пропратните документи да се достави на следната адреса:
Министерство за локална самоуправа
Ул. Св. Кирил и Методиj, бр.54, 1000 Скопје
Со назнака за Арсим Фидани
Ве молиме на ковертот да биде впишано „Do not open before the beginning of the evaluation procedure” („Да не се отвара пред почетопкот на евалуациската постапка“), како и да се наведе огласот за кој се аплицира.
Критериуми за избор на: