Локално објавување повик за предлози

 

 

Наслов на повикот за предлозите: Прекугранична соработка Косово- Северна Македонија во рамките на ИПА II 2019 и 2020 година

 

Референца за објавување: EuropeAid/175008/DD/ACT/XK

 

 

Канцеларијата на Европската Унија во Косово бара предлози за поттикнување на соработката меѓу институциите и организациите во прекуграничниот регион со цел да се поддржи одржливиот економски раст и да се зајакне социјалната кохезија.

 

 

За овој повик се избрани два тематски приоритети од програмскиот документ:

 

  • Тематски Приоритет 2: Поттикнување на туризмот, културното и природно наследство и
  • Тематски Приооритет 3: Заштита на животната средина, промовирање на прилагодување и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризик.

 

Целосни упатства за апликантите се достапни за консултација  на следните интернет страници:

 

https://ec.europa.eu/international-partnerships/funding/looking-for-funding_en;  https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/home;

http://www.cbc-kosovo-northmacedonia.eu/  https://www.eeas.europa.eu/delegations/kosovo_en?s=321

 

 

Крајниот рок за доставување на предлозите е 20 Септ. 2022 во 12:00ч CET

 

 

Ќе има две информативни сесии за овој повик за предлози, на следните датуми:

 

- 16ти  Aвг 2022 во 11:00 – 13:00ч – Сала на совет на Општина Гњилане,

   Адреса: Булеварди и Паваресисе бб. 60000 Гњилане, Косово;

 

- 18ти Aвг 2022 во 11:00 – 13:00ч – Сала на совет на Општина Чаир,

  Адреса: Христијан Тодоровски Карпош, 1000 Скопје, Северна Македонија;