Врз основа на член 58 од Законот за рамномерен регионален развој (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 24/2021 и 174/21), Министерството за локална самоуправа објавува

ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање на Предлог- проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година, по одделни мерки и активности за рамномерен регионален развој

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ОТВОРЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК

          Предмет на отворениот јавнен повик е доделување на средства за финансирање на проекти, со цел намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

          Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на оние Предлог-проекти со чија реализација ќе се придонесе за намалување на  разликите во степенот на развиеност помеѓу и во рамки на планските региони, ќе се зајакне регионалната конкурентност, преку реализација на сопствените развојни потенцијали на локално ниво.

          Во рамки на овој отворен јавен повик,  финансиски ќе бидат поддржани проектите кои се во согласност со приоритетните мерки и активности за намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу и во рамките на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност, а кои произлегуваат од приоритетите утврдени во планските документи за регионален развој. 

          Во 2022 година приоритетни активности и мерки се следните:

–   поттикнување на економскиот раст во планските региони,

–   развивање на современа и модерна инфраструктура во планските региони и

–   препознавање и искористување на конкурентските предности во планските региони.

 

  1. ИЗНОС НА СРЕДСТВА

          Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, согласно член 3 став(1) алинеја 1  од Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година(,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.70/2022 од 21.03.2022 година) е утврден на 95.335.840 денари.

 

  • KОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА

          Право да поднесуваат Предлог–проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност имаат Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

          Се повикуваат сите заинтересирани корисници, како двигатели и носители на потребните промени во економските, социјалните и други развојни активности да ги достават своите барања за финансирање на проекти, во согласност со приоритетните активности и мерки на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година и целта на овој отворен јавен повик.

  • КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ – ПРОЕКТИТЕ

 

1)  оправданост на  Предлог–проектот во однос на усогласеност со приоритетните мерки и активности, согласно член 5 од Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година;

2)  финансиска способност на подносителот на Предлог – проектот;

3)  одржливоста на очекуваните резултати од Предлог – проектот;

4)  влијанието врз населението на локално ниво;

5)  активностите кои се потребни за реализација на Предлог – проeктот;

6)  динамиката на реализација на Предлог – проектот;

7)  соодветноста на индикаторите наведени во Предлог – проектот со резултатите и целите на Предлог – проектот.

  • НАЧИН НА ЕВАЛУЦИЈА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕ

Начинот и методологијата за оценување на Предлог-проектите се врши согласно Правилникот за начинот и методологијата за оценувањето на Предлог-проекти(,,Службен весник на Република Северна Македонија, бр.62/21 година)

  • РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ –  ПРОЕКТИ

          Апликантите своите предлози за финансирање на Предлог–проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност треба да ги достават до Министерството за локална самоуправа, булевар ,,Св. Кирил и Методиј’’ бр. 54, Скопје, во два оригинал формулари за аплицирање (преземен од веб сајтот www.mls.gov.mk) и во електронска форма на CD (скениран оригинал формулар и Word document), од денот на објавувањето на овој јавен повик во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’  и јавните гласила.

          Рокот за поднесување на предлози за финансирање на                        Предлог – проекти за намалување на диспаритетите  меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност трае во текот на 2022 година, сé до искористувањето на средствата, утврдени во член 3 став(1) алинеја 1  од Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2022 година.

Оценувањето на добиените Предлог-проекти започнува по истекот на рокот од 30 дена од објавувањето на јавниот повик и се спроведува во текот на целата буџетска година според динамиката на прибирање на Предлог-проектите согласно член 58 и 59 од Законот за Рамномерен регионален развој (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 24/2021 и 174/21).

Образецот за поднесување предлог проекти превземете го ТУКА