од Инструментот за претпристапна помош (ИПА II)

 

Референтен број: EuropeAid/173818/ID/ACT/Multi

Влада на Република Србија, министерство за финансии, сектор за склучување договори и финансирање на фондовите на ЕУ (CFCU),

Во партнерство со:

Министерство за европски интеграции на Република Србија

и

Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија

објавува

Втор повик за предлози за поднесување проекти од следниве приоритетни области:

ТП1: Промовирање на вработување, мобилност на трудот и социјална и културна прекугранична вклученост:

 

  •  1.1: Подобрување на вештините и создавање можности за вработување во перспективни сектори
  • 1.2: Развој на инклузивно општество

 

ТП2: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство:

 

  • 2.1: Мобилизирање на културните и природните ресурси за заеднички развој на одржливи туристички производи и дестинации 
  • 2.2: Поттикнување заеднички системи за управување со ризици во природни и културни места, како и човечки населби, вклучително и подготвеност за катастрофи или итни случаи кои финансиски ќе бидат поддржани од ИПА II  буџет на Прекуграничната Програма Србија-Северна Македонија за 2018, 2019 и 2020 година.

 

Сите апликации треба да се доставуваат по пошта, рачна достава или курир на следната адреса:

 

Министерство за финансии

Одделение за склучување договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ (CFCU)

Одделение за евалуација и склучување договори

ул.Сремска бр.3-5 VII кат/канцеарија 701

11000 Белград, Република Србија

Крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 8 јуни 2022 година (во случај на рачна испорака, крајниот рок за прием е до 15:00 часот по локално време истиот ден). Сите апликации поднесени по истекот на рокот ќе бидат исклучени од процесот на евалуација.

 

Упатсвото за апликанти е достапно на следните веб-страници:

www.cfcu.gov.rs , www.eu.rs-mk.org  www.evropa.gov.rshttps://www.mls.gov.mk/, www.mei.gov.rs, https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome,

 

Контакт за дополнителни информации:

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.