Оглас за ангажирање финансиски и административен асистент во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија

 

 ПРОГРАМА НА ЕВРОПСКА УНИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

 

Министерствотото за локална самоуправа, во рамки на активностите за спроведување на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020 објавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За пријавување на кандидати за слободното работно место:

 

  • 1 (eден) финансиски и административен ассистент во рамки на Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија.

 

Oпис на работната позиција можете да најдете тука

Краен рок за аплицирање: 8 дена од денот на објавувањето на огласот.

Само оние апликации кои електронски ќе пристигнат до крајниот датум и време наведен во овој оглас, ќе бидат земени во предвид за разгледување и за интервју.

 

Потребни доументи за аплицирање:

  • Мотивациско писмо на англиски јазик;
  • Биографија (CV), на англиски јазик во ЕУ формат;
  • Доказ за завршен соодветен вид на високо образование (Универзитетска диплома во областите – економски науки, правни науки, финансиско управување, деловна администрација, или други општествени науки со минимум 180 ЕКТС или VII/1 степен),
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство наведено во личната биографија;

 

Документите треба да бидат доставени на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака на позицијата за која се аплицира

Кандидатите кои поднеле понуда имаат обврска да присуствуваат на интервју на 09.08.2021 година, со почеток од 11.00 часот, во просториите на Министерството за локална самоуправа (Бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 100 Скопје, втори спрат) и со себе да понесат печатена верзија на горенаведените документи, кои ги имаат доставено електронски).

Дополнителни информации може да добиете на телефонскиот број: +389 71299649, најдоцна до 06.08.2021 година, до 16.30 часот.