ОГЛАС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН

За ангажирање професори за менторирање на студенти од Универзитетите за уметност (за дизајн на облека) во Скопје и Тирана во создавање на традиционални костуми/фустани од регионот со цел валоризирање на целните територии под ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020.

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европски и надворешни врски во Република Албанија, како Оперативни Структури од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020, поддржано од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, планираат да реализираат неколку настани оваа пролет со цел да ја подигнат јавната свест за програмата преку прикажување на атракциите во регионите поддржани од Програмата, придобивките и можностите, како и проектите финансирани преку истата.

Важна компонента од овој настан за видливост “Прекугранична соработка: Минато. Традиција Иднина. Начинот на кој комуницираме!”, е креирањето на традиционални костуми/фустани со мотиви од прекуграничните региони, од студентите на Универзитетите за уметност во двете држави менторирани од нивните професори.

Активноста цели на селектирање на студенти од државните универзитети во Скопје и Тирана кои ќе земат учество во создавањето на традиционални костуми/фустани со мотиви од прекуграничниот регион со цел валоризирање на целните територии за да ја кренат видливоста на програмата за прекугранична соработка на локално ниво.

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европски и надворешни врски во Република Албанија објавуваат јавен оглас за кандидати:

-          Професори (по еден/на од двете држави) за селекција и менторирање на студенти да дизајнираат и креираат шест (6) традиционални костуми/фустани од со мотиви од прекуграничните региони (по 3 од двете држави) со цел валоризирање на целните територии на Програмата за прекугранична соработка, преку ангажирање на студенти во процесот на зачувување на традициите, како и споделување на културното наследство од прекуграничниот регион.

Референтните услови може да се прочитаат на следните веб страни:

http://ipacbc-mk-al.netwww.mls.gov.mkhttp://punetejashtme.gov.al;

Рок за апликации:

Заинтересираните кандидати мора да ја поднесат својата онлајн апликација и понуда до датумот наложен во референтните услови, 27ми април 2021 до следнава мејл адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Апликациите кои нема да го почитуваат рокот за поднесување апликации нема да бидат земени во предвид. 

Oglas, ToR